Собраниска седница за законот за јавно обвинителство денеска во 17:00 часот

Од:

Собраниска седница за Предлог-законот за јавно обвинителство денеска во 17 часот, по завршување на проверката на законот и консултации во пратеничките групи.

Ова било договорено на денешната координација со претседателот на Собранието Талат Џафери.

На денешната седница ќе се утврди потребата за донесување на овој закон.

Информациите од Собранието се дека законот за јавно обвинителство би можело да биде причина за неколкудневно пролонгирање на распуштањето на Парламентот, но не и на изборите најавени за 12 април. Официјално никој не знае дали и кога ќе се распушти законодавниот дом.

На дневен ред на оваа седница е и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија, по скратена постапка.

Собранието го очекува интензивна агенда пред распуштањето имајќи предвид дека за утре е планирана свечена седница за ратификација на протоколот за НАТО, обраќање на словенечкиот претседателот на Собранието, но и можни продолженија или уште една нова седница за измените на Изборниот законик, согласно забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, за кои најверојатно пратеничките групи ќе постигнат согласност.

Во меѓувреме денеска заседаваат и неколку комисии со закони по скратена постапка.

Би можело да ве интересира

Маричиќ, Јовески и Здравев ќе ја презентираат методологијата за прочистување на правосудството

Ана Ололовска

СЈО замина во историјата, предметите во рацете на Јавното обвинителство за организиран криминал

Ана Ололовска

Жерновски: Голем ден за правдата, лош за „тефтерчињата” на ВМРО- ДПМНЕ

Ана Ололовска

Почна примената на Законот за ЈО и Законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители

Ана Ололовска

Фетаи: Новиот закон за ЈО им дава можност на обвинителите да се справат со криминалот

Ана Ололовска

Со законот за јавно обвинителство решена судбината на стручните соработници, техничкиот кадар и административците од СЈО

Кристијан Ландов