Скопјанка преку Фејсбук моли за помош поради дечкото насилник, но одбива да оди во шелтер центар

Од:

Жената која преку Фејсбук бараше помош од полицијата бидејќи нејзиниот поранешен дечко и се заканува и ја вознемирува, одбила да биде сместена во шелтер центар.

„Човекот што повеќе од една година ми влегува насилно или скришум, ме злоставува на секој можен начин, крши по дома, ми става нож под грло, ми се заканува со убиство и во состојба е да го изврши. Само да знаете дека го пријавувам во полиција, доаѓаат го вадат од дома, разговараат и го пуштат и он пак се враќа. Вечерва ќе беше фатално. Ме спасија фала им, меѓутоа пак го пуштија. Заклучена сум, не смеам да излезам. Треба ли да си викнам лично обезбедување 24/7, да се отселам на друга планета или да ја земам правдата во свои раце?“, напиша скопјанката Емилија на Фејсбук.

Од МВР велат дека од страна на Центарот за социјални работи на Емилија и е понудено сместување во шелтер центар, кој го одбила.

„Министерството за внатрешни работи и Центрите за социјални работи постојано постапуваат по ваквите случаи. И во текот на вчерашниот ден, но и денеска се во постојан контакт со Емилија и преземени се мерки и активности за нејзина заштита и санкционирање на А.А. (38), кои според пријавеното биле во врска“, велат од МВР.

Следен чекор е Емилија чија согласност се очекува, заедно со Центарот за социјални работи да покренат постапка за изрекување времени мерки пред надлежен суд.

СВР Скопје против насилникот ќе поднесе соодветна пријава и се преземаат дополнителни мерки за заштита на Емилија која во моментов е во придружба на СВР и ЦСР Скопје.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Семејна драма во Скопје: 69-годишна жена е нападната од снаата

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

Приведен е скопјанец кој со нож им се закануваше на сопругата и синот

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме