Седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, тројца приведени

Од:

Во изминатото деноноќие на подрачја на повеќе градови во државата евидентирани се вкупно седум пријави за семејно насилство, при што три лица се лишени од слобода, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, вчера, во село во струмичко, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 34-годишен жител и 29-годишна жителка на селото. Претходно, 29-годишната жена пријавила дека во нивниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг, додека подоцна и сопругот пријавил дека бил нападнат од неговата сопруга. Двете лица се задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Полициски службеници од ОВР Кавадарци, вчера во 17:05 часот лишиле од слобода 41-годишен жител на Кавадарци, по претходна пријава според која на неговата 46-годишна партнерка не ѝ дозволувал да го напушти домот, се заканувал и ја влечел за рака. Лицето е задржано во полициска станица, за настанот е известен јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Семејно насилство е пријавено и во ОВР Кичево. На 15 март 2026 година, во 01:47 часот, пријавено е дека З.Р. од кичевско село физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно расветлување и документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во СВР Скопје на 15 март, во 03:00 часот, 84-годишна жена пријавила дека на 14 март 2026 година, во нивниот дом на подрачјето на Бит Пазар, била физички нападната од нејзиниот сопруг М.Б. (87) од Скопје, кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во 04:00 часот, 52-годишна жена пријавила дека на 14 март 2026 година, во дом на подрачјето на Кисела Вода, била физички нападната од нејзиниот сопруг В.А. (57) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Во Прилеп, пак, вчера исто така во 20:10 часот, 25-годишна жителка пријавила дека била физички нападната од нејзината свекрва. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Претходно, на 14 март 2026 година во 12:30 часот, 34-годишен маж пријавил дека на 13 март 2026 година, во дом на подрачјето на Кисела Вода каде престојувала неговата партнерка В.А., бил физички нападнат од неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Седум случаи на семејно насилство за едно деноноќие: Четири лица се уапсени

Нападнати се син, брат, сопруга и партнерки – петмина насилници завршија со лисици на рацете

А1он

Три лица лишени од слобода, вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Притвор за скопјанецот кој со шлаканици, клоци и со мобилниот телефон ја тепаше екс партнерката

А1он

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство

Три лица се уапсени за семејно насилство, вкупно пет пријави во последното деноноќие

Горан Наумовски