Нови пријави за семејно насилство во Македонија

Од:

Две лица се уапсени во најновите случаи поврзани со семејно насилство во Скопје и во Кичево.

Како што информираа од полицијата, вчера вечерта во 19:50 часот во кичевско село, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода К.Ш.(50) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во домот во селото физички ја нападнал неговата 44-годишна сопруга.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Неколку часа подоцна, во 22:10 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.А.(49) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 47-годишна сопруга дека на 15.03.2026 во семејниот дом со тврд предмет ја нападнал нивната малолетна ќерка, а кога се обидела да ја одбрани, физички ја нападнал и неа.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Ноќеска, точно на полноќ, во СВР Скопје, 60-годишна жена од скопско, пријавила дека вчера околу 19:30 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг И.К..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Уапсени се двајца скопјани – полицајците им ги земаа пиштолите

А1он

МВР: За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, лишени од слобода и приведени 14 лица

Исчезна 15 годишно девојче од Куманово

А1он

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Тешко повредена пензионерка во маркет во Аеродром – ја турна непознато лице

А1он

Полицијата во Карпош уапси крадец на велосипеди

А1он