Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Од:

Тетововската полиција соопшти дека вчера е приведен 15 годишник од тетовско Џепчиште под сомнение дека испраќал закани дека ќе постави експлозивна направа и ќе изврши напад во средно училиште во Тетово.

Тој е лишен од слобода вчера околу 14 часот кога полициски службеници од СВР Тетово, постапувајќи по судска наредба, извршиле претрес во домот и помошните простории сопственост на неговиот татко Б.М. (44) од с. Џепчиште.

-При претресот биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. За време на претресот присуствувале и претставници од Центарот за социјални работи Тетово. Во врска со случајот, лишен од слобода е неговиот 15-годишен син, поради сомнение дека испраќал закани дека ќе постави експлозивна направа и ќе изврши напад во средно училиште во Тетово, информира СВР Тетово.

По целосно документирање и расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.Вчера за слични закани беше приведен и 18 годишник од Палатица.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ