СЈО нема кривично да го гони Звонко Костовски во предметот „Пуч“

Од:

Специјалното јавно обвинителство во шестиот шестмесечен извештај за сработеното, објави дека донело решение за непреземање на кривично гонење на обвинетиот Звонко Костовски, за кривичното дело неовластено прислушкување и тонско снимање.

Со поднесок од јули годинава доставен до кривичниот суд, СЈО ја повлекло предлог-спогодбата од 2015 година за обвинетиот Звонко Костовски за кривичното дело неовластено
прислушкување и тонско снимање.

На 15.08.2018 година шефицата на СЈО, Катица Јанева донела наредба за запирање на истражната постапка спрема Костовски и за кривичното дело насилство кон претставници на највисоките државни органи. Со наредбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е спроведена истражна постапка против обвинетиот и за кривично дело насилство кон претставници на највисоките државни органии, а со склучувањето на предлогспогодбата од 2015 година, не е донесена никаква јавнообвинителска одлука.

Претходно Врховниот суд одлучи да ја укине спогодбата во предметот „Пуч“ што ја склучи Звонко Костовски за делото „Шпионажа“ и предметот го врати на повторно одлучување.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Катица Јанева пред да биде уапсена одела во СЈО, салони за убавина и по вечери

Кристијан Ландов

Ѝ во телефонот на Јанева пронајдени сликите од неа и мебелот, „Ајфонот“ и се отклучувал со помош на САД

Кристијан Ландов

Антикорупциска најпрво ќе ја проверува имотната состојба на претседателите на судовите

Ана Ололовска

Судскиот совет лани добил барања за утврдување одговорност на 131 судија

Ана Ололовска

Османи: Црвени линии за компромис за законот за ЈО е продолжување на предметите од СЈО

Ана Ололовска

Надоместоците во СЈО под лупа на државните ревизори

Ана Ололовска