Сите нови градби задолжително со приклучок за гас

Од:

Сите видови нови градби треба да имаат приклучок за гасоводна инфраструктура со што би се овозможило непречено поврзување по изградбата на оваа инфраструктура.

Тоа е предвидено со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, што го  достави Владата  до Собранието на Република Македонија.

Тоа е новина во законот, затоа што во досегашните законски решенија не постоеше задолжителна обврска градбите да бидат  проектирани и изведени со приклучок на објектот на гасоводна мрежа.

– Со новиот предложен член 11-а се пропишува дека градбата треба да биде проектирана и изведена со приклучок за гасоводна инфраструктура. На овој начин ќе се овозможи сите нови градби да бидат подготвени за процес на гасификација, односно новите градби да можат да бидат непречено приклучувани на гасоводната мрежа со цел користење на природниот гас како алтернативен енергенс, велат од Министерството за транспорт и врски.

Би можело да ве интересира

Путин: Украина се уште добива пари од Русија за транзит на руски гас во Европа

Владата преговара со Американци кои треба да инсталираат гасни постројки во РЕК Битола

Орце Костов

Русите ќе градат голем објект на истокот на БиХ, во Република Српска

Во февруари издадени 352 одобренија за градба

Ана Ололовска

Унгарија потпиша нов енергетски договор со Русија

Молдавија повеќе не добива руски гас