Сиљановска со двојно повеќе гласови од Пендаровски во 1.650 обработени избирачки места

Од:

Претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Сиљановска-Давкова води со 36 отсто или 144.937 освоен глас во првиот круг на претседателските избори од обработени 1.650 избирачки места, покажува официјалната статистика на Државната изборна комисија.

На второ место е кандидатот поддржан од СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски, кој има освено 71.181 или речиси 18 отсто од гласовите, додека пак трет е кандидатот на ДУИ, Бујар Османи со 67.592 гласови или 17 отсто.

Арбен Тарави од коалицијата Вреди е четврт со 49.409 гласови или 12 отсто, по што следи Максим Димитриевски со 30.757 гласови, односно речиси 8 отсто од гласовите. Од обработените 1.650 избирачки места, кандидатката поддржана од Левица, Билјана Ванковска има освоено 17.129 гласови или 4,31 отсто, а Стевчо Јакимовски од ГРОМ има освоено 3.774 гласови или речиси 1 отсто.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија