Седум децении од Првата конференција на АФЖ на Македонија

Од:

Во организација на Секцијата на жени борци и Главниот одбор на Сојузот на борци на Македонија, денеска ќе се одбележат 70 години од одржувањето на Првата главна конференција на Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ) на Македонија.

Пред седум децении, во виорот на народно ослободителната и антифашистичка војна, жените во Македонија прв пат станаа полноправни граѓани, со право да бираат и да бидат бирани, рамноправно да учествуваат во општествено – политичкиот живот, да бидат на места каде се одлучува за битни прашања. Ова достигнување на жените на Македонија има револуционерен карактер.

На одржувањето на Првата главна конференција на АФЖ на Македонија, му претходеше првото заседание на АСНОМ, на кое се прогласи новата држава на Балканот – Република Македонија. Особено значајно за жените е што на ова државотворното заседание на АСНОМ беше усвоена и Декларацијата за основните граѓански права, со која, покрај другото, се гарантираше родовата еднаквост во земјата.

Седумдесет годишниот јубилеј од конференцијата на која првпат е дефинирана и заверена рамноправноста на жените во Македонија нераскинливо е поврзан со одбележувањето на Светскиот ден на човековите права – 10. Декември, што има повеќе од симболично значење со оглед на фактот дека правата на жената кои ја гарантираат нејзината рамноправност се едни од темелните човекови права.

– Жените во Македонија не добија ништо на подарок. За сѐ се изборија во текот на народно ослободителната и антифашистичката војна. Одбележувањето 70 години од одржувањето на Првата главна конференција на АФЖ има за цел да се потсетиме на некои важни работи од нашето славно минатото кои можат да ни послужат за трасирање на патот кон иднината. Не е можно да ги копираме или повторуваме нештата, времињата и условите бидејќи тие се менуваат, но можеме да извлечеме значајна поука, вели Вера Бунтеска, потпретседател на Главниот одбор на Сојузот на борците на Македонија, потенцирајќи дека „денес во Македонија правата на жените се ограничуваат, се уназадуваат, се ускратуваат, дури мешајќи се во нивниот приватен живот, што доволно зборува за нивото на демократија во нашето општество“.

Сојузот на борци од НОАБМ порачува дека борбата за правата на жената и нејзината рамноправност мора да продолжи и денес кога повторно се соочува со голем број предизвици произлезени од погрешните сфаќања за нејзиното место во семејството, заедницата и општеството во целина.

– Тие сфаќања и стереотипи создаваат лоши состојби, па оттаму жената се почесто е жртва на семејно, економско, психолошко, политичко и други форми на насилство против што сите ние треба енергично да се бориме, децидни се од Сојузот.

Би можело да ве интересира

Полска бара oтштета за Втората светска војна, Германија вели дека се е подмирено

А1он

„Лучија од Ламермур“ на 18 март на сцената на Националната опера и балет

Ана Ололовска

„Лучија од Ламермур“ на сцената на Националната опера и балет на 12 март

Ана Ололовска

Премиера на балетот „Госпоѓиците од Авињон“ на 9 март на сцената на Националната опера и балет

Ана Ололовска

САД одбележуваат 80 години од нападот на Перл Харбур

Ана Ололовска

„Жизел“ од Адолф Адам во Националната опера и балет

Ана Ололовска