Наезда на мачки во НОБ, има забрана за нивно хранење

Од:

На социјалните мрежи беше објавено соопштение потпишано од директорот на Националната опера и балет (НОБ) Васо Ристов  – дека „доколку ги хранат мачките што шетаат низ објектот, вработените ќе одговараат дисциплински, а за хонорарните работници ќе се преиспитува неопходноста од нивниот натамошен ангажман“.

Соопштението било поставено пред службениот влез на НОБ. Дел од вработените велат дека барањето за решавање на проблемот со мачките дошло од Синдикатот за културата кој доставил барање да се реши овој проблем поради страв од пренесување заразни болести.

„Често се случува мачките да се појават на сцена, неретко вршат измет во објектот и се шири непријатна миризба. Навистина некогаш е неподносливо, сепак во НОБ има учесници од сите возрасти, а дел од нив се алергични на мачки и тоа создава проблеми при настапите. Имаме мачки по ходниците, во гардеробите, спијат во облеката и излегуваат на сцената“, велат дел од вработените.

Васо Ристов, генерален директор на НОБ, вели дека во институцијата има 500 вработени и дека проблемот со размножувањето на мачките станува реален проблем.

„Може да дојде и до несакани повреди при сценските движења, бидејќи мачките често се појавуваат и на сцената. Не знаеме како да го решиме овој проблем, па затоа е и апелот до вработените, дека е подобро да не ги хранат за тие да го напуштат објектот и да бараат храна на друго место“, вели Ристов.

Од здруженијата за заштита на животните апелираат дека вработените во институцијата кон животните треба хумано да се однесуваат, дека нема ништо спорно во тоа да се хранат мачките кои нашле свое засолниште, но воедно и дека треба да се реши овој проблем со нивна стерилизација, за да се спречи нивно натамошно размножување.

Би можело да ве интересира

Kомеморативен концерт по повод 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски со соработниците

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Пропуст од 25 милиони евра: Кинеските возови биле нарачани без простор за миленици и велосипеди

Орце Костов

Обнова на операта „Лидија од Македонија“

Традиционалниот Гала оперски концерт по повод празникот Василица на 12. и 13. јануари

„Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев на 19 ноември на сцената на Националната опера и балет

Ана Ололовска