Комеморација за Денот на геноцидот врз Ромите во Втората светска војна

Од:

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Република Македонија денеска ќе се одржи комеморација по повод Денот на геноцидот врз Ромите од Втората светска војна кој се одбележува на 2 август.

Настанот за сеќавање на жртвите од геноцидот го организираат министерот без ресор Музафер Бајрам, задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во земјава, здружението на граѓани „Ромаверзитас“ и Ромскиот младински центар од Куманово.

Денот на геноцидот врз Ромите во Втората светска војна се одбележува согласно со Резолуцијата која Европскиот парламент ја усвои на 15 април 2015 година.

Европскиот ден на геноцидот врз Ромите се одбележува на 2 август – датумот на кој во 1944 година во гасни комори биле убиени 2 897 Роми и Синти во т.н. цигански логор во Аушвиц-Биркенау во окупирана Полска. Во логорите на смртта низ цела Европа во Втората светска војна се смета дека се убиени околу половина милион Роми.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

Орце Костов

Полска бара oтштета за Втората светска војна, Германија вели дека се е подмирено

А1он

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он