„Се соблече гол и ми го извади половиот орган“, сведочеше советничка од Центар

Од:

Тогашната советничката во Општина Центар, Марија Бошковска Јанковски, која денеска сведочи за предметот „Насилство пред Општина Центар“, рече дека обвинетиот Александар Трајковски кој беше фотографиран со Никола Груевски во Будимпешта, сакал да ја погоди со парче стакло, но советничката Даниела Рангелова го спречила.

„Зеде стакло и сакаше да го фрли кон мене. Даниела Рангелова го спречи за што сум и’ многу благодарна“, рече таа.

„Ме навредуваше со погордни зборови“, продолжи советничката: „Викаше комуњарко, курво, свињо дебела, кој те ставил да работиш тука?”

Бошковска Јанковски рече дека еден од обвинетите кој не е во судницата, се соблекол и и’ го покажал половиот орган.

„Се соблече гол и ми го извади половиот орган“, сведочеше Бошковска Јанковски.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

И Врховен суд му ја потврди затворската казна на Груевски за „Насилство во Центар“

Ана Ололовска

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Апелација ја потврди затворската казна за Груевски за „Насилство во Центар“