Се извезуваат последните контејнери контаминирана почва од ОХИС од „ЛОТ“ 3, почнува извозот од „ЛОТ“ 4

Од:

Со денешниот извоз на последните три контејнери со околу 63 тони почва загадена со линдан од малата депонија во поранешната фабрика ОХИС во Скопје се финализира „ЛОТ“ 3 (Дел 3). Како што информираат за МИА од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), крајната дестинација на трите контејнери е во фирмата Indaver HIM Gmbh во Германија.

Воедно, денеска ќе бидат извезени и првите шест контејнери со отпад од линдан во вкупна количина од околу 120 тони од „ЛОТ“ 4. Крајната дестинација на овие контејнери е во фирмата Tredi Sv. Vulbas во Франција.

– За „ЛОТ“ 4 се обезбедени средства и се очекува во наредните два до три месеци тој целосно да биде реализиран. Останува уште да се обезбедат средства за „ЛОТ“ 5 со што целосно ќе биде расчистена малата депонија со линдан во кругот на ОХИС. Поголем проблем ќе претставува расчистувањето на големата депонија со линдан која опфаќа и делови од Пеленица за што ќе бидат потребни многу повеќе средства кои допрва треба да се обезбедат, велат од Државниот инспекторат за животна средина за МИА.

Нагласуваат дека во текот на денот главниот инспектор за животна средина Хусни Тачи ќе направи инспекциски надзор на малата депонија во ОХИС.

Би можело да ве интересира

Пожар избувна во ОХИС, гори оџак и дрвна маса

A1on

Уште 80 тони опасен отпад од ОХИС се испратени на уништување во Франција

Катерина Ѓуровски

Првите количини на опасниот линдан од малата депонија од ОХИС заминуваат од нашата државата

(ВИДЕО) Ковачевски: Со отстранувањето на линданот од „ОХИС“ ги решаваме наследените еколошки проблеми

Ана Ололовска

МВР: Пожарот во „Охис“ го предизвикало лице што ја заварувало оградата, ќе следува пријава

A1on

Нема опасност од линданот, пожарот во „ОХИС“ локализиран

A1on