(ВИДЕО) Ковачевски: Со отстранувањето на линданот од „ОХИС“ ги решаваме наследените еколошки проблеми

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, со шефот на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Дејвид Гир и со Микела Телатин, шеф на канцеларијата на УНОПС за нашата земја, присуствуваа на настан со која се означи крајот на подготвителните работи за исполнување на сите безбедносни стандарди по што ќе започне отстранувањето на линданот од малата депонија во „ОХИС“.

Премиерот Ковачевски во обраќањето на настанот истакна дека изминатиот период беа безбедно отстранети и уништени огромни количини на екстремно опасни хемикалии кои со децении беа складирани во кругот на „ОХИС“, кои претставуваа еколошка закана.

Ковачевски нагласи дека реализацијата на овој крупен проект се оствари во соработка на Владата на Северна Македонија со Владата на Норвешка и со две агенции на Обединетите нации, Организацијата за индустриски развој (УНИДО) и Канцеларијата за проектни услуги (УНОПС), како и со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја која издвои 2,5 милиони евра од ИПА 3 програмата конкретно за комплетирање на процесот на ре медијација на малата депонија.

„Главна цел на овие подготовки е максимална безбедност при отстранувањето на опасните хемикалии складирани повеќе десетици години во малата депонија во поранешниот индустриски комплекс „ОХИС“. На тој начин се овозможи реализацијата на проектот „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на решавањето на повеќегодишниот проблем со техничкиот отпад линдан и неговите изомери, депониран во кругот на фабриката“, потенцираше премиерот Ковачевски, и додаде дека Владата продолжува одлучно, заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање, да ги решава и елиминира наследените еколошки проблеми.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во своето обраќање информираше дека се преземени сите највисоки мерки според пропишаните стандарди за да се избегне било какво разнесување на опасниот материјал кој ќе се ископа од малата депонија и дека се преземени сите мерки за максимална заштита на средината.

„Ние во Министерството за животна средина, сме особено посветени на почитување на сите еколошки и безбедносни стандарди. Од тие причини, елиминацијата на сите жешки точки на територијата на нашата земја на еколошки безбеден и соодветен начин, е високо на листата на нашите приоритети. На „ОХИС“, како жешка точка број еден во земјата, гледаме како на историски проблем на чие што решавање посветуваме многу внимание и енергија кое целосно ќе биде решено“, рече министерот Нуредини.

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија Дејвид Гир, истакна задоволство што ЕУ даде свој придонес за чистење на малата депонија.

„Рехабилитацијата на локацијата на „ОХИС“ во рамките на проектот „ЕУ за чист воздух“ е уште еден практичен израз на нашата непоколеблива посветеност кон Европскиот зелен договор и здравствените и социо-економските придобивки што ќе ги донесе и во Северна Македонија“, рече Гир.

Би можело да ве интересира

Се извезуваат последните контејнери контаминирана почва од ОХИС од „ЛОТ“ 3, почнува извозот од „ЛОТ“ 4

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

Орце Костов

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов