МВР: Пожарот во „Охис“ го предизвикало лице што ја заварувало оградата, ќе следува пријава

Од:

Во врска со пожарот за кој завчера околу 16.30 часот беше пријавено дека настана во кругот на фабриката „Охис“ на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје, во кој беа опожарени покривот и таванот на административната зграда, кат од зградата на лабораторијата, трафостаница, багер, резервоар за вода и магацин за алат, сите во сопственост на правно лице, по ивршениот увид, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал, на службен разговор во полициска станица беа повикани повеќе лица.

По преземените активности е утврдено дека С.А.(35) од Кавадарци, околу 16.00 часот, додека вршел заварување на ограда во кругот на фабриката, предизвикал пожар.

По целосно документирање на случајот против С.А. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“, казниво по член 288 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожарникарите се борат да спречат пожарот да навлезе во боровите шуми на Јасен

A1on