СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ да не му прават опструкции на Стоилковски и нека му кажат кој гласаше за буџетот на Град скопје

Од:

Ги замолуваме во ВМРО-ДПМНЕ да не му прават опструкции на Наум Стоилковски, да не го држат во информативен мрак и потоа и јавно да го срамотат велат од СДСМ во реакцијата на денешната прес конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Зошто до толку некој го мести Стоилковски во ВМРО-ДПМНЕ не навлегуваме, но барем нека му кажат дека советниците од неговата партија во Град Скопје гласаа ЗА буџетот за 2023 година, предложен од градоначалничката Данела Арсовска. Еве почитуван Наум, да не бидете во информативен мрак, погледнете го видеото од гласањето. Таму лежат одговорите, тоа е коалицијата ДПМНЕ-Левица-Данела. Погледнете Стоилковски како функционира коалицијата Мицкоски-Данела-Апасиев во Скопје. Портпарол на парламентарна политичка партија е важна функција кој треба да има поддршка од партиските сектори и органи, но очигледно тоа не е случај и со портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски се наведува во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците