Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Од:

ДПМНЕ на иницијативата за формирање специјална анкетна комисија за трагедијата во Кочани одговори со условување и разводнување – инсистирајќи да се опфатат трагедиите од модуларната болница, „Дурмо турс“ и „Беса транс“. Собранието ги прифати инфантилните однесувања на парламентарното мнозинство и изгласа формирање на комисијата на 3 декември 2025. Денес, речиси четири месеци подоцна, таа така и остана – само формална одлука без никаква реализација и уште еден неуспешен обид ДПМНЕ да прикаже лажен почетен чекор на зрелост, велат од Левица.

– ДПМНЕ го условува почетокот на работата на комисијата со прифаќање на нивни „контра-заклучоци“ од Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот кои не само што апсолутно не произлегуваат од самата седница за трагедијата од „Пулс”, туку и суштински ја извртуваат и се движат во насока на пофалба на власта за успешното справување. Заклучоците предложени од претседателот на Постојаната анкетна комисија, Димитар Апасиев, доставени на 24 декември 2025, се директна рефлексија на кажаното од седницата: со осуда на институционалната нефункционалност, укажување на системско непочитување на законите, сериозни сомнежи за прикривање на одговорност, барање за независна, темелна и неселективна истрага, реафирмирање на правото на живот како највисока вредност, потребата од законски измени, донесување на закон за обештетување на семејствата и сл.

Специјалната анкетна комисија очигледно ДПМНЕ немаат намера да започне со работа. Владејачкото мнозинство со спикерот Африм Гаши ја држат постапката во административен вакум дотаму што досега немаат доставено ниту допис за номинирање на членови и отпочнување на процесот. Всушност, ДПМНЕ продолжува со нивните незрели политички испади и поставуваат дополнителни услови и отвораат вештачки пречки.
Во оваа институционална празнина, единствено пратеничката група на Левица и покрај недобиенот допис – достави предлог за свој член и заменик.

Очигледно е дека специјалната анкетна комисија нема ни да започне со работа во догледно време. Со ваквото однесување, ДПМНЕ свесно избегнува да се отвори суштинска расправа за трагедиите – расправа во која јавно и гласно ќе се лоцираат системските пропусти, ќе се утврди институционалната одговорност и ќе се наметне потребата од конкретни законски измени. Наместо тоа, се одржува статус-кво во кој темата се оттурнува, а одговорите се одложуваат.

Блокирањето на комисијата значи и блокирање на процесот на расчистување со слабостите на системот, добивање на јасна слика каде точно затаил системот и основа за негово коригирање. На тој начин, наместо институционално учење од трагедиите, се создава простор истите пропусти да се повторат. Без соочување со фактите – секоја следна трагедија е само прашање на време, а не на случајност, се вели во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица го засилува фронтот во изборна единица 1 – против бетонизација, загадување, узурпација на јавен простор

А1он

Левица: Официјалните извештаи потврдија дека Треска е мртва река, а институциите молчат – бараме кривична одговорност

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Левица: МВР на Тошковски се обиде да ги евидентира заканите на градоначалник кон советничка како поплака

А1он

Левица поднесува интерпелација за министерката за енергетика Сања Божиновска

Катерина Ѓуровски