СДСМ: Уште еднаш се потврди, одлуките на Уставниот суд ги пишува Никола Груевски

Од:

„Уште еднаш се покажа дека одлуките на Уставниот суд ги пишува Никола Груевски.

Се потврди и она што СДСМ цело време го говори, дека едностраната одлука на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за распуштање на Собранието со одложено дејство е неуставна.

Денешната одлука на Уставниот суд го потврдува хаосот во редовите на ВМРО-ДПМНЕ што се пренесува и на послушничките институции.

Пред три месеци, на 18 февруари Уставниот суд се прогласи за ненадлежен да одлучи за уставноста на одлуката за распуштање на Собранието со одложено дејство.

Денес, Уставниот суд донесе сосема спротивна одлука.

Како што Груевски ги менува ставовите така се менуваат и ставовите на Уставниот суд.

Прво пратениците на власта гласаат за одлуки за одложено распуштање на Собранието, па ако некој друг им ги оспори одлуките Уставниот суд се прогласува за ненадлежен.

Потоа самите претставници на власта кои гласале за таквата одлука си ја оспоруваат како неуставна, а Уставниот суд одеднаш се просветлува и сфаќа дека е надлежен и ја поништува таа одлука.

На сите им е јасно дека зад одлуките на Уставен суд стои Никола Груевски.

Се додека незаконски дадените аболиции прозведуваат правно дејство и ја спречуваат правдата, земјата е во политичка, но и во уставна криза.

Аболицијата мора целосно да се поништи и ќе се поништи. Секој што го прекршил законот ќе одговара.

Нема спас за аболицираниот Груевски и неговото друштво“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арсовска: Јас сум најнапаѓаната личност во Македонија, нападите се инспирирани од многу страв

Александар Тодески

Политичарка ги фотошопираше плакатите пред избори: Оправдувањето е урнебесно

(ВИДЕО) Пашкулев од БГНЕС: Во времето на Зоран Заев антибугарската пропаганда беше на најниско ниво

Орце Костов

Игор Зорчич предложен за нов претседател на словенечкото Собрание

А1он

ВИДЕО: Џими Картер – најстариот жив претседател во историјата на САД и денешна инспирација на многу генeрации

Горјан Грнчаровски

Лидерката на партијата „Браќа на Италија“ со иста реторика како Трамп: „Интересите на мојата држава се први“

А1он