(ВИДЕО) Арсовска: Јас сум најнапаѓаната личност во Македонија, нападите се инспирирани од многу страв

Од:

Имаме луѓе на кои што граѓаните можат да им веруваат, рече градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска откако застана на чело на партијата Нова Алтернатива. За Преспанскиот договор вели дека сериозно ја има оштетено Македонија. Смета дека како нова сила имаат моќ за да влијаат и да го исполнат тоа што го ветуваат. Според Арсовска, внесувањето на Бугарите во Уставот е сериозно и траорно прашање.

„Сметам дека договорот кој е склучен и тоа што се бара од нас е навистина асиметрично“, вели Арсовска.

Себеси се гледа како најнапаѓаната личност во Македонија и тврди дека ќе остане со своите ставови, против сите политички партии во земјава, па затоа и ги повикува сите граѓани да се приклучат на нејзината партија.

„Сите напади се инспирирани од многу страв. Ако сме толку небитни, зошто тогаш не напаѓаат“, рече Арсовска.

Таа посочи дека партијата не е во коалиција со СДСМ, но и дека има постулати кои треба да ги прифатат партиите доколку сакаат коалиција со партијата.

„Со непосредни избори во судството, граѓаните ќе може непосредно да го ценат нивниот интегритет и кредибилитет. На овој начин ќе имаме целосна независност. Да имаме луѓе кои ќе одлучуваат без притисоци. Вториот постулат е ослободување на економијата, воведување на еднакви можности. Оваа точка од нашата визија е зголемување на економските слободи и можности за сите. Се поставуваат бариери на младите и на просперитетните претприемачи. Втора точка е политика на рамни даноци. Во предизборието имаме ветување за справување со криминалот, а потоа си соработуваат за амнестирање од криминалот. Потребни се интервенции во Кривичниот законик, за да се спречи колективната пљачка. Постулат е и дигитализација на јавната администрација. Последниот постулат инкорпорира неколку идеи, за да се спречи процесот на иселување, заштита на македонскиот идентитет и членство во ЕУ“, рече Арсовска.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

Орце Костов

Се чекаат кандидатите за пратеници на Данела Арсовска: На изборите ќе се гласа за пет коалиции и две партии

Орце Костов

Мемов за А1он: Во ЗНАМ не се водиме од тоа кој ќе биде пратеник, личните незадоволства се приватна работа

Арсовска постави нов директор на Водовод и канализација