Промоција на книгата „Македонските мултиетнички загатки“

Од:

Во Домот на армијата вечер ќе биде промовирана книгата „Македонските мултиетнички загатки – од национализам, мултикултурализам и ‘Александар-манија‘ до етничка демократија“ од проф. д-р Петар Атанасов.

Книгата е на англиски јазик, во издание на издавачката куќа „LAMBERT Academic Publishing” од Саарбрикен Германија, специјализирана за публикување на академска литература. Се состои од повеќе статии кои што објаснуваат што се случи во македонското општество по Охридскиот Рамковен договор, мултиетничките лавиринти кои следеа, идентитетот на современите Македонци и иднината на мултикултурниот модел на овие простори. Книгата е резултат на десетгодишната истражувачка работа на авторот во областа на етничките односи во македонското општество.

Петар Атанасов е редовен професор по социологија и комуникации на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Негов главен истражувачки интерес се етничноста, национализмот и мултикултурализмот. Професор Атанасов во моментов ја обавува функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија и е претседател на Комисијата за образование, наука и спорт.

Книгата ќе ја промовираат проф. д-р Емилија Симоска од Инститот за социолошки и политичко мправни истражувања и Ѓунер Исмаил од Форум-Центар за стратегиски истражувања и документација.

Би можело да ве интересира

На руски јазик излезе од печат кигата „Јас не сум виновен за ништо“

Ана Ололовска

Нова книга од Славој Жижек на македонски

Ана Ололовска

Промоција на првите изданија од едицијата сликовници „Светулка“

Ана Ололовска

Годишна конференција на Здружението на преведувачи и толкувачи

Ана Ололовска

Денови на македонската литература за деца во Софија

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Енциклопедија на македонски имиња“

Ана Ололовска