Промоција на книгата „Успеси и заговори 1993 година“ од Стојан Андов

Од:

Во Кинотеката на Македонија денеска ке биде промовирана книгата „Успеси и заговори 1993 година“ од политичарот, публицист и писател Стојан Андов.

Во книгата авторот пишува за круцијални настани што се одиграа во нашата држава, а во посебно поглавје пишува за улогата на Љубомир Данаилов Фрчковски како министар за внатрешни работи на нашата држава.

На промоцијата поздравна реч ќе одржи писателот Јордан Плевнеш, ректор на Универзитетот ЕСРА, а за содржината на делото ќе говори публицистот Љубомир Гајдов, долгогодишен надворешно политички коментатор.

Стојан Андов (Кавадарци,1936) е автор на книгите: „На мој начин“, „Источни патувања“, „Од мој агол“, „Стравот и љубовта“, „Кицо Американецот“, „Враќањето на американецот“, „Јосип Броз Тито и распаѓањето на Југославија“, „Приказната на Марија“, „Драматичната 1991 година и 1992- година на опасни ризици“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арсовска: Јас сум најнапаѓаната личност во Македонија, нападите се инспирирани од многу страв

Александар Тодески

Политичарка ги фотошопираше плакатите пред избори: Оправдувањето е урнебесно

(ВИДЕО) Пашкулев од БГНЕС: Во времето на Зоран Заев антибугарската пропаганда беше на најниско ниво

Орце Костов

Игор Зорчич предложен за нов претседател на словенечкото Собрание

А1он

ВИДЕО: Џими Картер – најстариот жив претседател во историјата на САД и денешна инспирација на многу генeрации

Горјан Грнчаровски

Лидерката на партијата „Браќа на Италија“ со иста реторика како Трамп: „Интересите на мојата држава се први“

А1он