14,5 илјади евра отштета за клевета и навреда бара Фрчкоски од Стојан Андов

Од:

Во решението на скопскиот граѓански суд за времената мерка за продажба на книгата на Стојан Андов „До атентатот и по него“, пишува дека вредноста на спорот е 900 илјади денари, или приближно 14,5 илјади евра. Толкав износ побарува тужителот, универзитетскиот професор Љубомир Данаилов Фрчкоски од поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов.

„А1он“ дознава дека решението на скопска двојка го обжалиле адвокатите на Стојан Андов пред Апелацискиот суд во Скопје.

Привремената мерка на првостепениот суд стапила на сила на 11 март 2019 година, а важи до правосилно завршување на постапката за утврдување одговорност за клевета и надомест на нематеријална штета.

Адвокатот на Фрчкоски на рочиштето изјавил дека книгата на Андов изобилува со „клеветнички факти“, неосновани, непоткрепени и целосно бесмислени, тешки обвинувања за тужителот со намера да му се нанесе штета по неговиот углед, без притоа да се направи проценка за последиците кои содржината и пораката на оваа книга ќе ги предизвикаат во јавноста и за неговото семејство.

„Содржината на книгата и наводите изнесени во неа содржат сериозни обвинувања за тужителот, дека е сторител на повеќе кривични дела, дека е организатор и извршител на атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров, дека е убиец и низа други кривични дела“, пишува во решението на судијата Нухи Рустеми и двајцата поротници.

Адвокатот на Андов, пак, посочил дека наводите се изнесени во книжевно дело, каде тужениот имал основана причина да поверува во нивната вистинитост, бидејќи станува збор за носител на јавна функција и е од јавен интерес.

„Најголем дел од клеветничките изјави се изјави на други луѓе и јавно објавени, а се однесуваат на наводите во врска со атентатот на тогашниот претседател Киро Глигоров“, изјавил адвокатот на Андов на рочиштето.

Би можело да ве интересира

Стојан Андов по забраната на книгата: Не очекував вакво нешто

Ана Ололовска

Судот ја забрани книгата на Стојан Андов поради тужбата на Фрчкоски

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Црвенковски и Фрчкоски сакале да го тргнат Глигоров од политиката, Андов открива детали во книгата „Пред атентатот и по него“

Наум Локоски

Промоција на избрани дела од Стојан Андов

Ана Ололовска

Стојан Андов: Најпаметно решение е договор на власта и опозицијата за поддршка на уставните измени

Кристијан Ландов

Во Кавадарци промовирана „Успеси и заговори” од Стојан Андов

Ана Ололовска