Промоција на книгата „1992 – година на опасни ризици“

Од:

Книгата „1992 – година на опасни ризици“ од Стојан Андов, прв претседател на Собранието на Република Македонија по нејзиното осамостојување, денеска ќе биде промовирана во свечената сала на Кинотеката на Македонија.

За најновото дело на познатиот политичар, публицист и писател, како што информираат од Матица, ќе говорат македонските писатели Јордан Плевнеш и Паскал Гилевски, а извадоци од делото ќе читаат артистите Мето Јовановски и Роберт Велјановски.

Стојан Андов, кој не роден во Кавадарци во 1935 година, по пензионирањето и повлекувањето од активниот политички живот објави десет публицистички и литературни дела, кои предизвикаа интерес кај читателска публика во Македонија. Автор е на книгите: „На мој начин“, „Источни патувања“, „Од мој агол“, „Стравот и љубовта“, „Кицо Американецот“, „Враќањето на Американецот“, „Јосип Броз Тито и распаѓањето на Југославија“, „Приказната на Марија“  и „ Драматичната 1991 година“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арсовска: Јас сум најнапаѓаната личност во Македонија, нападите се инспирирани од многу страв

Александар Тодески

Политичарка ги фотошопираше плакатите пред избори: Оправдувањето е урнебесно

(ВИДЕО) Пашкулев од БГНЕС: Во времето на Зоран Заев антибугарската пропаганда беше на најниско ниво

Орце Костов

Игор Зорчич предложен за нов претседател на словенечкото Собрание

А1он

ВИДЕО: Џими Картер – најстариот жив претседател во историјата на САД и денешна инспирација на многу генeрации

Горјан Грнчаровски

Лидерката на партијата „Браќа на Италија“ со иста реторика како Трамп: „Интересите на мојата држава се први“

А1он