СДСМ: Со социјалната реформа градиме систем што извлекува од сиромаштија

Од:

Со новата социјалната реформа, системот за социјална заштита целосно се преобразува во систем кој извлекува од сиромаштија. Социјалната реформа обезбедува семеен пакет од право на Гарантирана минимална помош со Додаток за покривање на дел од трошоците за потрошувачката на енергенси во домаќинството, Детски додаток и Додаток за образование, вели СДСМ преку соопштение.

“Со тоа, значително се зголемува помошта за домаќинствата во социјален ризик. За прв пат корисниците на Гарантираната минимална помош, добиваат и детски додаток како и додаток за основно образование. Додека пак, досегашната програма за условен паричен надоместок за средно образование, сега се трансформира во право на додаток за образование.

Висината на средствата за помош ќе се утврдува за секое домаќнство посебно согласно Законот за социјална заштита и Законот за заштита на децата. Па така, четиричлено семејство со две деца кои посетуваат училиште, со социјалната реформа би користело месечен надоместок од 10.600 денари.

Ова се дел од низата мерки од социјалната реформа која има за цел да извлекува од сиромаштија, да ги унапредува правата на лицата со попреченост и да ја унапреди грижата за децата. Остануваме посветени на мерките и политиките што го унапредуваат и олеснуваат животот на
секој граѓанин. Градиме фер и праведно општество на еднакви граѓани.”, e наведено во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски