СДСМ: Сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ потонаа, толку ниско паднаа што немаат образ ниту да се извинат

Од:

Од СДМС преку соопштение реагираат на прес-конференција на Драган Ковачки од ВМРО ДПМНЕ.

„Сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ потонаа, толку ниско паднаа што немаат образ ниту да се извинат

Денеска сите тешки лаги кои што ВМРО-ДПМНЕ ги пласираше потонаа. Потона уште еден Титаник на ВМРО-ДПМНЕ.

Заедно со нивниот коалициски проруски партнер Левица, гушнати во деструкцијата и желбата да и наштетат на сопствената држава и на сопствениот народ.

Со денови Христијан Мицкоски, Димитар Апасиев и бројни функционери на ВМРО-ДПМНЕ и Левица ширеа лаги дека државата ќе се бугаризира, дека јазикот и идентитетот се распродадени, смислено и тенденциозно создаваа хистерија во јавноста за да нанесат штета на државните позиции.

Сите тие смислени лаги за нанесување штета на државата потонаа.

Толку ниско се паднати Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ што немаат образ ниту да се извинат.

Затоа се опозицијата и ќе останат уште долго во опозиција.

Претседателот на СДСМ и на Владата, Димитар Ковачевски покажа државништво, покажа како се брани национален и државен интерес, како се штити националното достоинство на македонскиот народ“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски