СДСМ: Поради ВМРО-ДПМНЕ Скопје е во целосен хаос

Од:

Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ функционирањето на Град Скопје е во целосен хаос. Не само што нема нови проекти, туку не се реализираат ниту наследените преокти кои се во поодмината фаза, а за чија реализација се обезбедени средства велат од СДСМ.

– Не се реконструира Универзална сала, не се довршува изградбата на мостовите во Карпош и Аеродром, нема реализација на клучката кај Момин поток, а во првата година од мандатот не е започнат ниту еден нов капитален проект. Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Данела Арсовска, за првпат во историјата, Скопје остана без јавен автобуски превоз. ЈСП тоне во долгови, договорот со едниот приватен превозник е прекинат, а вториот приватен превозник два дена не вози затоа што не му се исплатени долговите. Никаде ги нема новите автобуси што ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ги ветуваа, ја нема ниту фабриката за електрични автобуси што шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски ја најавуваше. По Скопје 2014, ВМРО-ДПМНЕ му приредува нова катастрофа на главниот град, каде не функционираат ниту основните комунални услуги, а развој, проекти и инвестиции воопшто нема се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад