СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Од:

Министерката за финансии Кочоска го потврди она што СДСМ го зборува изминатиот период – во буџетот нема пари. Целокупниот буџетски дефицит планиран за цела година е веќе потрошен за само 6 месеци, велат од СДСМ.

Со ребалансот, како што најави Кочовска владата уште повеќе ќе го зголемува дефицитот.

Ова е потврда на се што СДСМ говори.

Ветуваа намелен буџетски дефицит, а го продлабочија уште на средина на годината

Ова е врв на финансиска и фискална неодговорност, за што цената ќе ја платат граѓаните. Буџетот го претворија во приватна каса за своите криминални тендери.

Продблачочувањето на дефицитот значи само едно – следуваат нови задолжувања кои ќе ги враќаат граѓаните преку повисоки камати, даноци, поскапи услуги.

Ветуваа дека ќе го намалат јавниот долг, а наместо тоа за две години го зголемија за над 2,5 милијарди,  со што нивото на јавниот долг достигна скоро 11 милијарди евра.

Вистината  е дека овие пари не отидоа ниту за повисоки плати, ниту за мерки за граѓаните, ниту за компаниите, ниту за капитални инвестиции –  завршија  во криминалните партиски тендери на криминалната ВМРО.

По две години, по сите триумфалистички изјави на ВМРО за наводен економски раст и успешни економски политики, денес вистината сите ја гледаат и чувствуваат. Со Мицкоски и ВМРО економијата оди кон пропаст, наведуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба својата прва батериска постројка за складирање електрична енергија во Солун

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

Коридор 8 и критичните минерали отвораат стратешка можност за Македонија

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ