(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Од:

Мицкоски ветуваше подобар живот а донесе поголема сиромаштија, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека по две години од Владата на ВМРО граѓаните живеат полошо, со намален животен стандард, повисоки цени и поголема сиромаштија.

„Денес, наместо зголемен животен стандард, стандардот е намален во споредба со пред две години. Граѓаните живеат полошо и потешко, паричниците и фрижидерите се попразни. Наместо зголемен стандард, работниците добија зголемена сиромаштија, сиромаштијата е зголемена за 22%.“, рече Филипче.

Тој посочи дека наместо намалена инфалција како што ветуваше ВМРО, трошоците за живот континуирано растат, а македонските работници имаат најниски плати во Европа.

„Се топат платите, растот на цените е огромен, а ние имаме најнизок стандард во регионот, работниците имаат најниски плати во регионот и се најсиромашни. Инфлацијата од 4,8% е скоро двојно поголема од тоа што го предвидуваа во нивната предизборна платформа. Храната е скапа, на годишно ниво поскапувањето е околу 10%“, рече Филипче.

Притоа, Филипче нагласи дека Владата не презеде никакви мерки за справување со високите цени и дека трошоците за живот стануваат неодржливи за најголем дел од семејствата.

„Превисоките цени никогаш нема да се вратат назад затоа што Владата не презеде никакви мерки, а за тоа ние навремено предупредувавме. Во јуни на едно просечно семејство му се потребни за основната потрошувачка кошничка 70.000 денари,и тоа е така димензионирана кошничката, таму се ставени само основните потреби, реалните трошоци не се помали од 90.000 денари. Нема семејство кое може да преживее со под 90.000 денари месечно, посебно семејство со повеќе деца. Но Мицкоски тоа не го интересира, за 600 евра минимална плата тој не сака да слушне“, рече Филипче.

На прес-конференцијата претседателот на СДСМ потсети и на политиките на Владата СДСМ кога минималната и просечната плата континуирано растеа.

„Во 2017 затекнавме минимална плата од 8.000 денари, која што на крајот на мандатот се зголеми скоро три пати 22.500 денари. Просечната плата достигна 40.000 денари“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ поднесе закон, минималната плата да се зголеми на 600 евра – работниците заслужуваат достоинствен живот

Горан Наумовски

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски