СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

Од:

СДСМ обвини дека генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, е поврзан со бугарската компанија „ФЛУГБАН ТРАНС“ ДОО со седиште во Ќустендил и побара институционална истрага за случајот.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, повикувајќи се на документи објавени во бугарски медиуми, изјави дека компанијата се занимава со патен превоз на стока, а како управител е наведен Кире Гешоски, додека меѓу партнерите се споменуваат и Сашо Апостоловски и Игор Јанушев.

Според СДСМ, фирмата пријавила годишен промет од околу 320.000 евра и нето добивка помала од 10.000 евра. Од партијата тврдат дека Јанушев не ја пријавил поврзаноста со компанијата во анкетните листови доставени до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

„Очекуваме надлежните институции да отворат предмет и да ја информираат јавноста за случајот“, рече Кузеска, додавајќи дека доколку се утврди давање неточни податоци за имотната состојба, законот предвидува затворска казна.

СДСМ го поврза случајот и со, како што наведуваат, двојните стандарди на Владата во однос на односите со Бугарија и европските интеграции на државата.

Од партијата прашаа дали Јанушев ќе поднесе оставка додека трае евентуална истрага и побараа одговори и за други обвинувања упатени кон владини функционери.

Засега нема јавно соопштен став од Игор Јанушев или од Владата во врска со овие наводи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари

СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски и Славески брзаат да ја продадат Алта банка за џабе – кој ќе ја плати цената?

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари, 51 милион евра не се префрлени во вториот столб

(ВИДЕО) Кузеска: Една недела нема одговор од Савески за Алта банка и кривичната – им купува време на Мицкоски и Славески?

А1он

СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 година

А1он