Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

Од:

Две години од владеењето на Христијан Мицкоски, наместо ветениот подобар живот, граѓаните добија економски неуспех, намален животен стандард и секојдневна борба за егзистенција. Мицкоски ветуваше повисоки плати, подобар животен стандард и повеќе пари кај граѓаните. Наместо тоа, граѓаните добија маратон во сиромаштија. Македонија се соочува со сериозни економски проблеми после 2 години, велат од СДСМ.

– Платите на македонските работници се најниски во Европа и не го следат растот на цените, граѓаните имаат помалку пари. За едно четиричлено семејство се потребни речиси 70.000 денари, што значи дури 3 минимални плати се потребни само за основните трошоци. Буџетот е практично пред колапс, до јуни е потрошен речиси целиот планиран дефицит за целата 2026 година во износ од 670 милиони евра.

Ребалансот на Буџетот е неизбежен и ќе биде тежок товар за граѓаните и стопанството. За само две години странските директни инвестиции се намалени за околу 60 проценти, а јавниот долг е зголемен за над 2,5 милијарди евра. Државата се задолжува рекордно, а граѓаните живеат сè потешко. Нема пари за повисока минимална плата, нема пари за значително зголемување на платите, нема пари за пензионерите, за земјоделците и за младите. Но затоа има пари за луксуз, за партиски привилегии и за нови задолжувања. Две години Влада на Мицкоски се две години на неисполнети ветувања, економски неуспех и изолација. Сега на сите им е јасно дека граѓаните се излажани. Владата на Мицкоски не ги решава проблемите на граѓаните – таа ги создава и ги продлабочува. А цената за тие политики секојдневно ја плаќаат граѓаните, кои живеат сè потешко и се подалеку од ветениот подобар живот, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“