СДСМ: Мицкоски, Села и Гаши се дават во “oд немај каде” коалиција осудена на пораз и пропаст

Од:

СДСМ ја има коалицијата која убедливо ќе победи на на локалните избори по сите критериуми и параметри бидејќи СДСМ гради коалиции врз основа на јасна, конкретна и остварлива понуда. Новата коалиција на Мицкоски, Села и Гаши е “Од немај каде” коалиција која е од напред осудена на пропаст и пораз велат во соопштение од СДСМ.

– Соочен со седмиот по ред пораз од народот, Мицкоски е до толку уплашен што промовира коалиција со истите оние кои ги нарекуваше предавници, оние кои според ВМРО-ДПМНЕ „не го признаваат македонскиот идентитет“ и со истиот Села на кој неговите од ВМРО-ДПМНЕ насилно го влечеа во Собранието и му нанесоа крвави животозагрозувачки повреди на 27 април. Им кажа ли Мицкоски на Села и Гаши дека сака поништување на Договорот од Преспа? Им соошти ли дека е против Законот за јазици? Им раскажа ли што бараше во Собранието на 27-ми април? Мицкоски е политичар без став, принуден да прави коалиции со оние кои најмногу ги мрази и тој, а и неговото тврдо партиско членство. Од напред се поразени и осудени на пропаст тие што од немај каде наутро скандираат “Чиста Македонија”, а попладне лажно се оградуваат за 27 април, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Реформите ги спроведуваме заради граѓаните, а не поради притисок од Брисел

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ги излажа пациентите – лекот „Фостер“ поскапе, бесплатениот го нема во аптеки

СДСМ: Се разоткри вистинската цел на власта околу измените на Изборниот законик

Левица: Инспекторите откриле профитерство, Мицкоски се одлучи за кафе во четири очи наместо казни

Мицкоски: Оваа Влада гради и реализира, наместо да ветува

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е само новиот обид за манипулација