СДСМ: Фарса седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ со штетни одлуки нарачани од Никола Груевски

Од:

Од СДСМ векат дека одлуките од седницата на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНе се штетни и нарачани од Никола Груевски.

„Се потврди дека седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е најобична фарса. Штетните одлуки за новите блокади се нарачка од Никола Груевски а Христијан Мицкоски само ги спроведува.

Во време на најголема енергетска и економска криза после Втората светка војна, кога Собранието треба да носи ефикасни одлуки за граѓаните Мицкоски спроведува нови блокади.

Наместо да ги деблокира законите кои подолго време ги кочи во Собранието, како Законот за Клинички центар, Законот за наставници и стручни сорабтници во основните и средните училишта, Законот за службата во Армијата, криминалната ВМРО-ДПМНЕ се посвети на нови деструкции.

Граѓаните ја гледаат разликата, СДСМ прави се и успешно ја менаџира најголемата енергетска и финансиска криза, го штити стандардот на граѓаните и компаниите.

Од друга страна е Мицкоски со неговите деструкции, блокади, закани, насилство, апсолутно незаинтересиран за било кој реален проблем на граѓаните.

Штетните одлуки на криминалната ВМРО-ДПМНЕ не носат штета ниту на СДСМ ниту на Владата, нивната деструкција е единствено на штета на граѓаните и државата.

Со сите демократски и разумни методи СДСМ и парламентарното мнозинство ќе се спротивстави на блокадите и обидите за вештачки кризи заради лични и партиски интереси на Мицкоски.

СДСМ е одговорна партија и по секоја цена со сите, разумни општествени партнери ќе ги надмине блокадите на Мицкоски и криминалната ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот