СДСМ: ДПМНЕ ја претвори Македонија во приватна компанија

Од:

ДПМНЕ предводена од Мицкоски ја претвори Македонија во приватна компанија за семејни и партиски вработувања. Државните институции се полнат со кадри чии главни квалификации се фамилијарните и партиските врски, додека младите и способните луѓе ја напуштаат земјата. Семејството Андоновски е само врвот на ледениот брег. Тате Љупчо советник, бате Игор началник, синот Стефан министер – сè во владините институции кои служат на интересите на ДПМНЕ. Ова е дрзок непотистички систем кој покажува дека способноста и квалификациите се неважни во Македонија под нивна власт, велат од СДСМ.

„И додека партиските функционери си ги вдомуваат семејствата, младите и образованите луѓе се оставени на милост и немилост – со минимални можности за работа и достоинствен живот. Наместо да ја користат својата енергија и потенцијал за напредок на земјата, тие се принудени да заминуваат во странство, бидејќи тука има место само за роднините на функционерите од ДПМНЕ.

ДПМНЕ не нуди правда, ни еднакви шанси, туку создава систем кој ја убива надежта. Непотизмот и судирот на интереси кои ги практикуваат директно ги удираат граѓаните – од институциите, од економијата, од безбедноста. Владата не работи за народот, туку за „своите“. Младите во Македонија заслужуваат правда, еднаквост и можности, а не партиска диктатура. Доста е од овој трул систем кој гуши таленти и го поттикнува иселувањето. Време е за промени!“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од партија, ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот македонски политички бренд

Горан Наумовски

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Горан Наумовски