Савески: Богоевски постапи правилно, сега Туфегџиќ и Стефоска треба да поднесат оставка

Од:

Граѓанскиот активист и член на Левица, Здравко Савески ја поздрави одлуката за оставка на пратеникот Павле Богоевски и побара оставка и од пратеничките Ивана Туфегџиќ и Ирена Стефоска. Тој на својот „Фејсбук“ профил напиша дека е правилно што оставката ќе стапи на сила по гласањето за одземање на мандатот на Груевски, а на пратеничките им порача дека единствена опција е да поднесат оставка , ако немаат волја и храброст да ја критикуваат власта.

„Павле Богоевски си поднесе оставка. Правилно. И таа оставка ќе стапи во сила по гласањето за одземање на мандатот на Груевски. И тоа правилно. Мило ми е што остана барем малку принципиелност кај Павле. Мораше цела јавност да го притиска за да поднесе оставка, но ајде, сепак поднесе оставка. Оставка треба да поднесат и Ивана Туфекџиќ и Ирена Стефоска. Ако немате волја или храброст да ја критикувате власта за злоупотребите што ги прави, единствената достојна опција е оставката! Можно е сето ова со аудио-снимката СДСМ да му го збибери на Павле. Но, она што требаше да го знае, уште кога на протестите се врза со СДСМ, кој со ѓаволот тикви сади…“ напиша Савески.

Би можело да ве интересира

Богоевски го обвини Апасиев дека ја злопотребува функцијата за да си ја реновира куќата, лидерот на „Левица“ вели дека таа е културно наследство

Богоевски: Левица има над 30.000 евра во „Еуростандард“, на изборната сметка стои кодот на банката

Жарко Настоски

Поранешниот пратеник Павле Богоевски во самоизолација

А1он

(ВИДЕО) Богоевски: Вредностите над функцијата

Ана Ололовска

Павле Богоевски поднесе оставка на пратеничката функција

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Оставката на Богоевски е само затскривање на големите криминалци во владата

Ана Ололовска