Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, заедно со 30-ина вработени, дојдоа на збирно место кај катната гаража „26 јули“ за да се приклучат на акцијата за чистење на градот.
Од таму се упатија кон местото кое им беше определено за чистење, Олимпискиот базен.
Со список во рака, Русковска проверуваше кој од колегите дошол да чисти. Таа рече дека е опремена со ќеса и ракавици.
На новинарско прашање рече дека ветингот е добра работа за прочистување во правосудството.
40 илјади административци денеска чистат ѓубре на повеќе локации во Скопје и во други градови низ државата.
Акцијата ја организира Владата заедно со граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“.
Целта е, како што најави министерот за администрација, Дамјан Манчевски, да се подигне свеста за чиста околина и заштитата на здрава животна средина.
На овој начин вработените го надоместуваат 2 јануари 2019, кој Владата го прогласи за неработен за сите државни институции.