Русковска: Шпекулација е дека се подготвувало апсење на министер, требаше да се сослушуваат сведоци за случајот

Од:

Шпекулација е дека се подготвувало апсење на министер, вели за „А1он“, Вилма Русковска, шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција која е суспендирана. Таа посочува дека не е точно дека поради можно влијание, повторување на делото и бегство, се планирало барање на притвор за министер, а поради предметот каде се испитува зошто во Министерството за внатрешни работи со месеци го чувале во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц“, во која на последна контрола бил и автобусот на „Беса транс“ што изгоре во Бугарија.

dobivaj vesti na viber

„Писмените докази за овој предмет се веќе обезбедени, како што кажав на пресот. Од утре требаше да почнам со сослушување на сведоци. За апсењето се шпекулации“, посочува Русквоска.

„А1он“ ја праша обвинителката дали смета дека поради овој случај е и дел од притисокот врз неа, на што, Русковска одговори: „Дали е дел од притисокот, не знам“.

За овој случај, поврзан со станицата за технички преглед, Русковска веќе кажа кои дејствија ги презела како надлежен обвинител кој го води случајот.

„Што се однесува за станицата за технички преглед, немаше наредба за претрес. Со наредба од обвинител, беше одземена документација од МВР, СВР Скопје и од Град Скопје. Во текот на следната недела планирав да почнам со сослушување на сведоци по тој предмет. Но како стојат работите, ќе треба да почека и тоа“, кажа Русковска пред два дена, кога поднесуваше жалба за суспензијата.

За тоа дали Русковска ќе остане суспендирана, ќе треба да одлучи Советот на јавни обвинители каде таа се жали од одлуката на републичкиот обвинител, Љубомир Јовески. Суспензијата е поради кривичната пријава поднесена против неа, а по извештајот од Републичкото обвинителство дека претресот во Финансиската полиција бил извршен со добивање на дозвола од судот на кого му се презентирани неточни информации, но и од обвинители кои се ненадлежни.

Би можело да ве интересира

Русковска за најавата за кривична од Рашковски: Од што да се плашам?

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Рашковски кривично ќе ја гони Русковска: Ќе докажеме како ја местела истрагата

Кристијан Ландов

За Русковска да остане шефица гласале 14 обвинители, од 163 кои имале право да бираат

Кристијан Ландов

Русковска: Сигурна сум дека изборите ќе бидат фер, ако изгубам ќе признаам пораз

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Пауновска до Русковска: Претера Вилма…

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Русковска: Ми рекоа „Пази што правиш, можеш да завршиш како Катица Јанева“

Кристијан Ландов