ВИДЕО: Русковска се надева дека обвинителката Трајчева нема да трпи последици поради обвинението против Рашковски

Од:

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска се надева дека обвинителката Ивана Трајчева нема да трпи последици поради тоа што покрена случај против ексгенералнот секретар, Драги Рашковски. Со оглед дека Трајчева чека да види дали добие нов мандат од Советот на јавни обвинители, Русковска кажа дека таа ќе го застапува предметот против екс функционерот, доколку, таа биде вратена во скопското обвинителство.

„Јас искрено се надевам дека нема да биде така“, рече Русковска на прашањето дали Трајчева ќе трпи последици поради случајот против Рашковски, па потоа прашана дали се сомнева дека сепак може да биде така, таа додаде: „Не, видете. Излегоа многу шпекулации во јавноста. Не можам да бидам сигурна за мотивите и постапките на другите. Јас како обвинител сум убедена дека тоа не ма да се случи“.

Шефицата Русковска тврди дека не е само Трајчева таа која добија најдобри оценки од неа за да бидат реизбрани. Посочи дека и другите имаат безмалку максимален број на бодови.

„Во суштина не би имала против“, одговори Русковска на прашањето дали ќе биде среќна ако се реизберат истите обвинители да гонат организиран криминал.

Прашана дали сака некој од обвинителите кои се нови конкуренти за ваква функција да биде избран во нејзиниот тим таа додадe: „Законот е таков што воопшто јас како шеф на ова Обвинителство, веројатно и другите шефови на другите обвинителства немаме никаква ингеренција во изборот на јавните обвинители. Сепак, граѓаните и меѓународната јавност бара резултати од нас. Мислам дека во тој правец треба да има измени во закон. Ако некој бара резултати, тогаш би било добро самиот да го избираш тимот“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Русковска која беше инструмент на власта во прогонот на неистомислениците и патриотите, сега има можност да ги признае сите злодела

(ВИДЕО) Русковска пред еден месец кажа дека има информации за нејзиното разрешување

Александар Тодески

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Катерина Ѓуровски

Осуден во „Софтвери“ ја запроси девојката во судница: „Прекрасен момент, нека ви е со среќа“, им честиташе судијката

Орце Костов

Во Кривичен денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“