Русковска останува супспендирана, не убеди ниту еден член на Советот на јавни обвинители дека е во право

Од:

Обвинителка Вилма Русковска, која е и шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, останува супспендирана. Ова е одлуката на Советот на јавни обвинители по гласањето.

Антонио Јолески, Изет Мемети, Фаик Арслани, Влатко Георгиевски,Фиданка Рајевска, Коле Штеријов, Арбер Исаку, Јасна Жежова се обвинителите кои одлучуваа за нејзината иднина.

За жалбата да се одбие гласаа сите обвинители.

“Советот донесе решение жалбата да се одбие”, кажа Јолески.

Поради списите во предметот и заштита на интегритетот на обвинителката Вилма Русковска, Советот на јавни обвинители ја исклучи јавноста додека се разгледуваше материјалот. Па така, новинарите не можеа да слушнат кои се аргументите за одлуката. Внатре, сами останаа скоро еден час.

Во списите кои ги добил Советот на јавни обвинители, по кои ја носеа одлуката, ја има кривичната пријава против Русковска поради која е супспендирана, но и преписки кои обвинителката ги имала.

Детали од жалбата на Русковска не се откриваат. Жалбата беше поднесена во минатата недела, а Русковска е убедена дека ги побива сите аргументи на Јовески со кои ја суспендираше.

Како причина за супспензијата, републичкиот кривична постапка која се води против Русковска, а по поднесена кривична пријава од Финансиската полиција за претресот, кој не бил направен согласно закон.

За Русковска, нејзиното суспендирање значи и суспендирање на правото и правдата во државата. Таа кажа дека ваквата одлука е притисок врз неа, кој ќе влијае и на колегите кои водат случаи за висока корупција.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Русковска која беше инструмент на власта во прогонот на неистомислениците и патриотите, сега има можност да ги признае сите злодела

(ВИДЕО) Русковска пред еден месец кажа дека има информации за нејзиното разрешување

Александар Тодески

Дисциплинската комисија бара разрешување на Вилма Русковска

Катерина Ѓуровски

Дисциплинска постапка против Русковска и уште две обвинителки

Ана Ололовска

Русковска за најавата за кривична од Рашковски: Од што да се плашам?

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Рашковски кривично ќе ја гони Русковска: Ќе докажеме како ја местела истрагата

Кристијан Ландов