Руско МНР: Сакаат Скопје да го внесат во НАТО, не им е важно мислењето на граѓаните

Од:

Поддршката за резултатите од референдумот во Македонија од страна на Европската Унија и НАТО говори за желбата да се обезбеди забрзан влез на Скопје во Алијансата, независно од ставот на населението, велат од Министерството за надворешни работи на Русија, пренесува „РИА Новости“.

„Одѕивот од 36,8 проценти не дозволува да се признае референдумот за легитимен и недвосмислено сведочи дека македонските избирачи одлучија да бојкотораат однадвор грубо наметнати решенија во Скопје и Атина. Водечки политичари од земјите-членки на НАТО и ЕУ непосредно учествуваа во пропагандната кампања и без да се срамат се мешаа во внатрешните работи на оваа балканска земја“, се вели во коментарот на руското МНР.

Русија смета дека иако две-третини од македонското население не го поддржале договорот од Преспа, резултатите од гласањето веднаш биле поздравени од страна на раководството на ЕУ и НАТО, како и од страна на Вашингтон.

„Постои стремеж да се осигура дека Скопје брзо ќе биде внесено во НАТО, без да се земе в предвид мислењето на македонскиот народ. Нашата позиција останува непроменета: долгорочно решение може да се пронајде само од самите земји, без мешање однадвор и исклучиво во рамките на правната област со широка јавна поддршка. Преспанскиот договор не ги исполнува овие критериуми“, велат од министерството.

Во соопштението на руското МНР се додава дека договорот е спротивен на меѓународното право и македонскиот устав.

„Русија како постојана членка на Советот за безбедност на ОН внимателно го следи развојот на ситуацијата. Поагајќи од точката 3 од Резолуцијата 845 на Советот за безбедност на ОН, резултатите од преговорите меѓу Скопје и Атина треба да бидат разгледани во СБ на ОН“, констатира руското МНР.

Би можело да ве интересира

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Пезешкијан и се заблагодари на Русија за нејзината поддршка на руски јазик

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД