ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Од:

Европските сили ја обвинија Русија дека му помага на Иран да ги гаѓа американските сили на Блискиот Исток, велејќи дека ќе го покренат прашањето со американскиот државен секретар Марко Рубио на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Франција, објави Ројтерс.

Двајца западни безбедносни извори и регионален функционер близок до Техеран изјавија дека Русија му обезбедува на Иран сателитски снимки и помага во подобрувањето на беспилотните летала моделирани според оние што Москва ги користи во војната во Украина.

Русија ги негираше обвинувањата дека споделува разузнавачки информации за американските воени цели на Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

Нова закана од Техеран: Иранската гарда вети одмазда за загинатите морнари

Брисел и Атина против турско-либискиот договор

Грушко: Антирускиот став на ЕУ го исклучува Брисел од преговорите за европската безбедност

Кушнер: Европа води посредничка војна против Русија

IISS предупредува: Расте ризикот од руски саботажи во Европа, следниот напад може да има многу жртви

Русите нападнаа деловни згради во Украина, има загинати

Горан Наумовски