Реакција на „Шанса за Центар“: Обвинувањата на дел од жителите на Ново Маало кон Белчева се крајно тенденциозни и лажни

Од:

„Шанса за Центар повторува уште еднаш дека ставовите на Јана Белчева Андреевска се ставови на сите нас, а дека индивидуализирањето на нападите е крајно недолично“, реагираат од „Шанса за Центар“ на изјавите на дел од жителите од Ново Маало.

„Ја информираме јавноста дека обвинувањата на дел од жителите на Ново Маало насочени кон неа ги сметамe за крајно тенденциозни, лажни и поттикнати од други субјекти, кои манипулираат и со системот и со засегнатите жители на Ново Маало.

Таа нема апсолутно ништо со посочената парцела која спаѓа во ДУП донесен во 2013, а во време кога немала мандат во Советот. Овој план не спаѓа во плановите кои биле под мораториум донесен по основ за неусогласеност со ГУП 2012, и по направена анализа од стручна комисија на општината.

Посочената парцела никогаш не била во нејзина лична сопственост, ниту во нејзиниот мандат претрпела било какви промени на параметрите за градба. Од пред пандемијата парцелата е во сопственост на трети лица“, се вели во реакцијата на „Шанса за Центар“.

Би можело да ве интересира

Државата троши над 20 милиони евра за нафта и мазут: Мапирани 700 јавни објекти загадувачи низ Македонија

A1on

Шанса за Центар: Како одиме кон „бетонизација“ наместо урбанизација на „Треска“

Ана Ололовска

Шанса за Центар: Над 100 јавни објекти во Скопје се греат на нафта за домаќинство и мазут

Ана Ололовска

Во последните пет години незаконски биле единствено мораториумите за градење, реагираат од Центар по обвинувањата за новата единаесеткатница

Маја Илиевска-Пачемска

Герасимовски издаде одобрение за нова единаесеткатница кај „Холидеј ин“; „Шанса за Центар“ го потсети дека планот е незаконски

Маја Илиевска-Пачемска

Министерот Бочварски далеку од очите на јавноста донесе незаконски и противуставни измени на Правилникот за урбанистичко планирање тврдат независните граѓански иницијативи