Државата троши над 20 милиони евра за нафта и мазут: Мапирани 700 јавни објекти загадувачи низ Македонија

Од:

Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ мапираше јавни објекти загадувачи низ цела Македонија со цел да ги поттикне граѓаните и организациите заедно да притиснат за повеќе пари за борба против загадувањето кои би се одвоиле при подготвувањето на новиот Буџет за 2024 година.

„Се подготвува новиот државен буџет за 2024 година што е можност да се обратите до пратениците од секоја изборна единица и заедно да притискаме за повеќе пари за борба против загадувањето на воздухот! И општинските буџети се во подготовка, па нивното вклучување во борбата против загадувањето мора да е насочена кон веќе детектираните локални проблеми со воздухот од загревањето на општински објекти.
Во 2023-та не се направи промена на начинот на греење кај огромен број на јавни објекти кои се греат на нафта и мазут за да се намали загадувањето на воздухот во зима. Тие ќе продолжат да загадуваат и оваа зима и повторно ќе бидеме меѓу трите најзагадени земји во Европа“, соопштија од иницијативата.

Шанса за Центар само во Скопје мапираше над 100 јавни објекти – болници, градинки, училишта, касарни, судови и други установи кои користат нафта и мазут и покрај тоа што градот има централно парно греење., а по обележувањето на такви објекти низ цела Македонија пронајдени се близу 700 такви објекти.

„Нема град кој во своето урбано јадро нема еден куп јавни објекти кои го загадуваат воздухот. Скопје води, но во незавидна положба се и граѓаните во Тетово, Куманово, Битола, Прилеп, Охрид, Штип, Гостивар…речиси никој не е поштеден. За загревање на овие објекти и оваа грејна сезона може да се потрошат над 16,5 милиони литри нафта за греење и над 4,8 илјади тони мазут. Тие и ќе ги дишеме! За нивното загревање за една сезона граѓаните преку Буџетот на државата и на општините ќе платат над 20 милиони евра.

Мапата на јавни објекти кои се греат на мазут и нафта низ целата држава може да се погледне на:

https://www.google.com/maps/d/viewer?mid=1VbzxgPy8resTirwinAJgYJ80P-4nH7A&usp=sharing

Би можело да ве интересира

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза

Стојковски: Несовесни граѓани во моментот се главните причинители за загадување на воздухот

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

СДСМ: Градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо против загадениот воздух во Скопје,

Катерина Ѓуровски

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост