Во последните пет години незаконски биле единствено мораториумите за градење, реагираат од Центар по обвинувањата за новата единаесеткатница

Од:

По потсетувањето од страна на „Шанса за Центар“ дека издаваат одобренија по незаконски план, кој не треба да се спроведува за парцелите спроти „Холидеј ин“, од Општина Центар уверуваат дека сè што направиле во постапката за издавање одобрение за градење нова единаесеткатница е законски. И покрај многубројните недостатоци на планот, утврдени со елаборат нарачан од Општината, кои беа причина да се иницира подготовка на нов план, од Општина Центар велат дека „Шанса за Центар“ прави обид за собирање дневнополитички поени.

„До овој момент до Општина Центар нема пристигнато никакво известување и допис дека се работи за незаконски план. Единствено нешто што беше незаконско од областа на урбанизмот во општина Центар во последните 5 години е т.н. мораториум за градби, кој во два наврата беше поништуван од страна на Уставниот суд. Ниеден друг суд, ниту истражен орган се нема произнесено дека некој од ДУП-овите е незаконски или дека на кој било начин не смее да се спроведува. Единствено, судот е орган што може да се изјаснува доколку нешто е или не е законско. Сѐ друго се шпекулации, половични информации и неуспешни обиди за собирање дневнополитички поени од страна на поединци“, велат од Општина Центар за „А1он“.

Од таму нагласуваат дека одобрението за градење нова петнаесеткатница сè уште не е правосилно.

Планот по кој е издадено одобрението е донесен во 2012 година и тој на местото на паркингот спроти „Холидеј ин“ предвидува изградба на шеесеткатници. Поранешниот градоначалник на Центар, Саша Богдановиќ, цел мандат известуваше дека се работи на измена на планот, која ќе ги коригира сите недостатоци на оној од 2012 година, но во неговите четири години на чело на Општината измена на планот не се усвои.

Сегашниот градоначалник, пак, Горан Герасимовски, воопшто не работи на измена на планот.

„Во моментот нема постапка за донесување нов план, што значи во сила е последно донесениот ДУП, односно ‘измени и дополнувања на детаљниот урбанистички план Голем ринг јужен дел – Исток, опфатот помеѓу улицата Васил Аџиларски, реката Вардар, булеварот Кочо Рацин и улицата Мирче Ацев“, велат од Општината.

И покрај противењето на скопјани и потпишаните петиции за да се спречи изградба на висококатници спроти „Холидеј ин“, лани во ноември инвеститорот почна да гради дваесеткатница, прва од предвидените три. Сега се подготвува за втората, која според одобрението за градење ќе има приземје, единаесет ката и технички кат место потпокрив.

Би можело да ве интересира

Државата троши над 20 милиони евра за нафта и мазут: Мапирани 700 јавни објекти загадувачи низ Македонија

Орце Костов

Шанса за Центар: Како одиме кон „бетонизација“ наместо урбанизација на „Треска“

Ана Ололовска

Шанса за Центар: Над 100 јавни објекти во Скопје се греат на нафта за домаќинство и мазут

Ана Ололовска

Герасимовски издаде одобрение за нова единаесеткатница кај „Холидеј ин“; „Шанса за Центар“ го потсети дека планот е незаконски

Маја Илиевска-Пачемска

Министерот Бочварски далеку од очите на јавноста донесе незаконски и противуставни измени на Правилникот за урбанистичко планирање тврдат независните граѓански иницијативи

Шанса за Центар: Институциите да ги расчистат сомнежите за пожарот кај „Треска“

А1он