Започна работна средба законот за Јавно обвинителство на парламентарните групи по одржаната јавна расправа. На средбата ќе ги разгледаат забелешките кои ги дадоа правните експерти, по што се очекува законот по скратена постапка да влезе во собраниска процедура.
На состанокот во Собранието присутни претставници од сите партии, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса за Албанците, Беса, како и независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Неизвесно е каков ќе биде исходот и дали ќе има договор, по реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која минатиот пат ја напушти средбата, со образложение дека не им било исполнето барањето присутен да биде и обвинителот Љубомир Јовески.
Сепак, опозицијата не беше до крај доследна на својот услов и на јавната расправа, откако се појави обвинителот, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со транспарент од галеријата се обидоа да го блокираат говорот на Јовески.
Но, како што најави власта, ако опозицијата не даде зелено светло, за законот ќе се бара 2/3 мнозинство со кое би бил донесен до распуштањето на Собранието.