„Работи во Софија, а патува до Скопје за да внесе раскол во МПЦ“: Кој е рускиот свештеник Змеев кој доби забрана за влез во Македонија

Од:

Забраната за влез во Македонија која од МНР ја доби рускиот свештеник Васијан Змеев предизвика полемики во македонската и во бугарската јавност затоа што тој долги години работи како поглавар на московската патријаршија во Софија, а често доаѓал во Скопје на средби со поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот г.г. Стефан.

Рускиот архимандрит е на списокот на македонското МНР со уште тројца руски дипломати кои се протерани од Македонија.

„ Ваквата одлука е донесена по информациите добиени од надлежните органи за преземени активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи“, се вели во соопштението за јавноста на МНР.

Змеев е црковен претставник на Московската патријаршија кој имал улога на координатор на Балканот за руските црковни политики, посебно во Бугарија и во Македонија.

Змеев од крајот на ноември минатата година е назначен од рускиот патријарх Кирил за одговорен за македонската црква. Освен Змеев, останете прогонети од И. Хропјачков, А. Рождественски и аташето С. Попов, кои беа прогласени за виновни за несоодветни дипломатски дејствија.

Наводно, Змеев ја координирал целата политика на МПЦ-ОА во однос на нејзината црковна дипломатија. Изминатава година Змеев секој месец патувал во Скопје, а на празникот Петровден, Змеев придружуван до рускиот амбасадор во Македонија, го посетил кумановско-осоговскиот митрополит Григориј.

Две недели пред одлуката на МНР, претседателот Стево Пендаровски откри дека безбедносните служби добиле информации од партнерските служби дека припадници на Светиот Синод на Македонската православна црква работат во корист на руските тајни служби, но не наведе конкретни имиња.

Забраната за влез во Македонија на рускиот архимандрит предизвика полемики во Бугарија за ефикасноста на бугарските безбедносни служби. Ги критикуваат за тоа што тие не ја откриле дејноста што ја вршел Васијан Змеев, кој е поглавар на Московската патријаршија во Софија и со години живее и работи таму.

„Малата Македонија со нејзините служби, не знам колку се ефективни, дознале дека рускиот свештеник кој живее во Софија и служи тука во руската служба во центарот на Софија и се занимава со други работи, се занимава со разузнавање во Македонија и го протерале од таму, а тој пет години живее во Бугарија. Го прашувам јас бугарското контраразузнавање, зарем не им е срам од тоа што тој, кој живее тука и во Бугарија развива разузнавачка дејност, го протераа од Македонија, а тој тука живее комфорно“, изјави Атанас Атанасов, претседател на Демократи за силна Бугарија во интервју за БНТ. Според него, свештеникот секој месец патувал во Скопје и се обидувал да внесе раскол во македонската црква.

Од Македонската православна црква велат дека за случајот ќе расправа Синодот и потоа ќе има официјална реакција.

Би можело да ве интересира

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ