Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ја откажа најавената посета на Американско-канадската епархија поради здравствени причини и по препорака на лекарите.
– Канцеларијата на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ја известува јавноста дека, поради здравствени причини и по препорака на лекарите, Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан нема да ја оствари најавената посета на Американско-канадската епархија, а која требаше да се оствари по повод претстојните собирски манифестации на таа наша епархија, чијшто овогодишен домаќин е Црковната општина ,,Св. Кирил и Методиј” во Вилоубрук (Чикаго). На Архиепископот Стефан, со Божја помош, му посакуваме брзо закрепнување, за да може уште многу лета да раководи со нашата Света Црква, се вели во известувањето од Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
