Пропадна и вториот тендер за зипланјот од Калето на Шилегов

Од:

Поништена е и втората постапка за избор на фирма што ќе го проектира, набави и изгради зиплајнот од Калето до Градскиот стадион. Постапката, според објавата на Бирото за јавни набавки, и овој пат е поништена оти не е поднесена ниту една прифатлива понуда.

Зиплајнот е еден од проектите што на скопјани им ги вети градоначалникот Петре Шилегов, па од Градот најавуваат анализа на состојбите за да одлучат за следните чекори.

„Град Скопје на 20.8.2019 година објави јавна набавка за проектирање, набавка и изградба на надворешни содржини за спорт – реализација на зиплајн. Но, не беше поднесена ниту една понуда и постапката беше неуспешна. Во наредниот период службите ќе ги разгледаат состојбите и ќе направат анализа по што ќе се донесе одлука за идните чекори“, велат од Град Скопје.

Според досегашните објаснувањата на градоначалникот Шилегов, предвидено е почетната станица на зиплајнот да биде на Калето во близина на Музејот на современата уметноста, да оди преку Вардар сè до Градскиот стадион, каде што треба да биде излезната станица. Јавната набавка беше со проценета вредност од 5,6 милиони денари, односно 91.000 евра, пари со кои изведувачот се бараше да изгради две челични конструкции со влезни и излезни станици, зиплајн-конструкција со сајла во должина од 400 метри и да ја набави опремата.

За овој проект градоначалникот доби остри критики од јавноста, која побара тој да се посвети на решавање на постојните проблеми место на развивање адреналински спортови во Скопје.

Би можело да ве интересира

Расчистена депониjата под Кале, сопствениците задолжени да jа чистат парцелата

А1он

Шилегов: Тргнати се основите за панорамското тркало, добивме мост без барокни елементи

Апел да не се палат огнови на отворено во Скопје

Предраг Петровиќ

Шилегов: Со новиот систем за елиминација на огнови на отворено направивме 524 интервенции за две години

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти расправата за буџетот: Нема да бидеме декор за криминалите на Шилегов

Татјана Ташкова

Град Скопје: ДИЖС да си ја врши работата согласно со надлежностите