Продолжи судењето за „Титаник“, се изведуваат материјални докази

Од:

Со изведување материјални докази во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за предметот „Титаник” на Специјалното јавно обвинителство што се однесува за изборни нерегуларности.

До минатото рочиште беа презентирани 2.075 од околу 5.900 материјални докази, предложени од СЈО.
Се презентираат лични документи, како барања за издавање лични карти, изјави за ополномоштени лица, извадоци од сметки, потврди и други документи.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здтужување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање избкрна кампања.

Би можело да ве интересира

За премиерот пресудата за „Талир„ е задоволување на правдата, опозицијата жестоко реагира

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра, додека тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

Поранешниот премиер Груевски има профитабилна компанија во Унгарија

Горан Наумовски

Груевски уште е државјанин на Македонија, постапката за екстрадиција продолжува, велат од Министерството за правда

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Владата нема информации за унгарското државјанство на Груевски

Катерина Ѓуровски