За премиерот пресудата за „Талир„ е задоволување на правдата, опозицијата жестоко реагира

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека пресудата во предметот „Талир 2“ е во согласност со правдата кога станува збор за ВМРО-ДПМНЕ, додека ослободителната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски ја припиша на измените на Кривичниот законик донесени во 2023 година.

„ВМРО-ДПМНЕ беше предмет на политички прогон и беа измислени случаи како „Талир 1“ и „Талир 2“. Конечно судот донесе пресуда која е во согласност со правдата и со очекувањата на граѓаните“, изјави Мицкоски по увидот во активностите за регулација на коритото на Сува Река во Општина Сарај.

Во однос на ослободувањето на Груевски, Мицкоски рече дека, според образложението на Кривичниот совет, станува збор за последица од измените на Кривичниот законик што ги донела претходната влада на СДСМ и ДУИ.

„Како резултат на тие законски измени имаше многу политички амнестии, а многу ќе следат и во иднина“, рече премиерот.

Основниот кривичен суд Скопје вчера го ослободи Никола Груевски од обвинението во предметот „Талир 2“, кое се однесуваше на злоупотреба на службената положба и незаконско финансирање на изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Судот наведе дека ослободителната пресуда е последица на измените на Кривичниот законик од 2023 година, а го одби и предлогот на Обвинителството за конфискација на седиштето на партијата.

Од Левица оценија дека ослободителната пресуда е директен резултат на измените на Кривичниот законик, кои, според партијата, во 2023 година заеднички ги изгласале СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека уште тогаш предупредувале оти измените не се европска реформа, туку механизам за заштита на политичката елита.

„Ослободителната пресуда за Груевски е епилог на политички договор склучен во Собранието во 2023 година. Денес корист има Груевски и ДПМНЕ, а утре истиот механизам ќе биде на располагање за секој функционер од која било власт“, наведуваат од Левица.

Во меѓувреме, СДСМ обвини дека судството и обвинителството се ставени под политичка контрола на Владата и дека со одлуката во „Талир 2“ Никола Груевски е спасен од одговорност, а имотот на ВМРО-ДПМНЕ е вратен.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, изјави дека „Белата палата“, која ја процени на 14 милиони евра, како и друг партиски имот вреден околу 2 милиони евра, повторно се во рацете на ВМРО-ДПМНЕ. Таа тврдеше дека смените на обвинители и судии поврзани со предметите „Талир 1“ и „Талир 2“ биле дел од процес на политичко влијание врз правосудството и го обвини Мицкоски дека не презема доволно активности за екстрадиција на Груевски од Унгарија.

Би можело да ве интересира

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

Левица: Официјалните извештаи потврдија дека Треска е мртва река, а институциите молчат – бараме кривична одговорност

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!