Преку „Сите сити“ од 16.000 оброци до социјално загрозени граѓани

Од:

Преку системот за донирање вишок храна „Сите сити“ се донирани пет тона вишок храна или 16.000 оброци до социјално загрозени граѓани.

– Ова претставува најголема донација на храна досега и се радуваме дека заедно со оваа донација преку „Сите сити“ се донираа девет тони храна или 28.000 оброци до социјално загрозени граѓани, истакнуваат од „Ајде Македонија“, кои го воспоставија системот „Сите сити“.

Оттаму ги повикуваат сите општествено одговорни бизниси да го следат примерот на компанијата „Виталиа“, која е донатор на денеска дистрибуираните оброци, да се вклучат со донирање, наместо да ја фрлаат храната, бидејќи таа им е исклучително потребна на илјадници социјално загрозени граѓани.

Воспоставувањето на првиот систем за донирање на вишок храна во Македонија, „Сите сити“, го создаде „Ајде Македонија“ со поддршка на Швајцарската амбасада во Македонија, УСАИД, Мировниот Корпус, Националниот Демократски Институт и Публицис.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

A1on

Апел за помош на Марко, се соочува со 4-ти степен на канцер

Ана Ололовска

Ранци и училишни помагала донација на ZEGIN и фондација „Д-р. Верица Механџиска” за преку 150 деца

„Охридско лето“на Општата болница во Охрид и ги донираше средствата собрани од концертот на „Танец и Ладо“

Катерина Ѓуровски

УНДП и Германската амбасада и донираа компјутерска опрема на МВР за поефикасна контрола на малото и лесно оружје

А1он